Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров на фејсбук ја пренесува неговата изјава за МИА.

Деновиве правиме се’ за и ние и нашите соседи, нашето пријателство и заедничката европска иднина да излеземе од овие предизвици како победници, силни идни партнери и добри комшии, пишува Димитров.

Според него господинот Каракачанов има обврска и право да ги застапува бугарските позиции, како што ние имаме обврска и право да ги застапуваме македонските позиции. Ама и ние и тие имаме и обврска да се грижиме за пријателството.

Тој потенцира дека има некои работи за кои можеме да разговараме, и некои работи за кои нема дискусија.

Ниту со Бугарија, ниту со било која друга земја или организација, не можеме да преговараме за тоа кои сме, каков јазик зборуваме, и кој ни е идентитетот. Со други зборови, нема компромис околу нашето право на самоопределување. Македонското бидување не загрозува ничие друго, а взаемната почит е основа за секое вистинско пријателство“, пишува Димитров.

Тоа се универзални човекови права, како што пишува Димитров, вградени во вредностите на ЕУ, и Унијата треба и може да се проширува само преку афирмација на тие вредности, никако преку нивно загрозување. Впрочем, како што вели и новата методологија, “сите треба да се воздржат од злоупотреба на билатералните прашања во пристапниот процес”.

Изјава за МИА:

Деновиве правиме се’ за и ние и нашите соседи, нашето пријателство и заедничката европска иднина да…

Posted by Никола Димитров – Nikola Dimitrov on Thursday, November 12, 2020