Шефот на дипломатијата Никола Димитров му порачува на професорот Ферид Мухиќ да се повлече од пратеничкото столче ако не верува во договорот со Грција за името.
Во видеото од најавата на емисијата 360 степени на Алсат М министерот Димитров на прашањето дали власта успеала да го врати Мухиќ во таборот кој ќе гласа за уставните промени, одговара дека тој што не верува во Преспанскиот договор треба да се повлече од пратеничката функција со што потврди дека на власта не и се потребни 8 пратеници од опозицијата туку вкупно 9 затоа што најверојатно професорот Мухиќ нема да гласа за уставни измени.
„Прашањето е преголемо и мислам дека е чесно ако не верувате да се тргнете“, изјавува Димитров во интервјуто што ќе биде емитувано вечерва.
Мухиќ предходно во неколку наврати изјави дека договорот за името со Грција е штетен и навредлив за Македонија и гласаше против а слично постапи и за договорот со Бугарија за кој што беше воздржан во Собранието.
Инаку, шефот на македонската дипломатија денес во расправата во собраниската Комисија за уставни прашања, повторно имаше своја математика со цифрите изразени на референдумот. Притоа тој праша на кој народ се повикува ВМРО-ДПМНЕ и кој глас посилно се слуша: тој на над 609.800 кои гласале за, тие што гласале против 37.700 или граѓаните што молчеле.
– Како ќе го чуеме гласот на граѓаните што молчеле. Значи побаравме совет од граѓаните, не добивме целосен совет, бидејќи излезноста не е постигната. Меѓутоа, гласноста е 610.000 наспроти 38.000, а се друго е молк. Со РМ владеат 610.000 и на парламентарни и на локални избори“, рече Димитров.
Comments are closed for this post.