Спорниот ДУП И10, како и градбата кај Мајчин дом која предизвика низа реакции и протест на граѓаните се најде на вонрдедна седница на Советот на општина Аеродром пред членовите на советот и дваесетина граѓани. Ако може Устав да се менува тогаш може и ДУП да се менува, лична одговорност кој кренал рака и го изласал ДУП-от, порачаа жителите на населбата.

Советниците наместо конкретни решенија едни со други се обвинуваа.

Градоначалникот Марин без конкретен одговор што по преостанатите 10 дена од времената забрана за прекин на изградбата кај Мајчин дом. Единствено потенцира дека сѐ ќе стори да нема градба кај Мајчин Дом.

Тој иницираше формирање на партиципативно тело, во кое претставници од месните заедници, здруженија на граѓани и стручни лица од областа на урбанизмот, во иднина, директно ќе учествуваат во урбанистичкото планирање на општината.

Советот едногласно ја донесе одлуката за формирање на ваквото тело. Кога ќе почне да функционира, кои ќе бидат неговите надлежности, колку членови ќе брои остана нејасно.

По седницата на Советот, се одржа форум со граѓаните на општината на кои ги кажаа своите ставови и предлози околу спорниот детален урбанистички план И10 како и изградбата на парцелата кај Мајчин дом.