Димитров на денешната расправа за интерпелација,  рече „Нашата татковина, за нашата Македонија многу Македонци и Македонки оделе во затвор и јас сум спремен таа цена да ја платам за македонската кауза! Некои оделе во затвор, а некои ги пикале во затвор ама размислете тоа вас во која категорија ве става и каква место си резервирате во македонската историја“, нагласи Димитров.

 

Димитров, во реплицирајќи и на пратеничката Стојкова – Серафимовска,  рече дека за нас тука дома и во светот македонскиот идентитет и македонскиот јазик е затворена работа и нема да дозволиме некој повторно тоа прашање да го отвори.
-Последното, најдов во Die Welt каде овие наши принципи и позиции ги пласирам, паралелно со германскиот министер за Европа, Михаел Рот, заедничко интервју имавме во декември. Во Политико ЕУ, најактуелниот портал за проблематиката на Европската Унија, исто така еден долг текст со неколку цитати од моја страна. Имам едно интервју за неделникот МИМ во Србија – ова само од месец декември и
имам и Ал Џезеира, регионалната телевизија што го покрива и Балканот, насловот тука е „Нема да отстапиме од македонскиот јазик“, рече Димитров.