Петре Шилегов и СДСМ на само една година пред локалните избори, во сериозна криза и рецесија во која што се наоѓаме како држава во моментов, вработуваат 135 луѓе во Град Скопје по партиски клуч, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Нови 135 луѓе по насока на штабот на СДСМ ќе се вработат кај Петре Шилегов и годишно овие луѓе, овие 135 вработувања ќе ги чинат граѓаните од свој џеб над еден милион евра. Изминативе година дена над 50.000 луѓе ја загубија својата работа како резултат на неспособноста да се справи СДСМ со економската криза предизвикана од корона пандемијата, но затоа Заев и Шилегов вработуваат 135 луѓе по партиски список. За да биде апсурдот поголем од што може да го направат Заев и Шилегов, во Град Скопје се вработува личен возач на Петре Шилегов, за кој претходно најавивме и говоревме кој е роден 2001 година и кој треба да вози нов автомобил со високи перформанси, односно законот не го дозволува тоа. Автомобилот, Фолскваген Пасат кој ќе му биде доделен на новиот личен возач на Петре Шилегов кој има само 19 години не смее да го вози човек без 2 години возачко искуство, а нормално момче родено 2001 година со полни 19 години никако не може да ги исполнува условите бидејќи би требало да полага во тој случај на 17 години што е невозможно. И она што е најголем апсурд се вработува нов личен возач на Петре Шилегов, а во Градот Скопје има дури 19 возачи кои што веќе се во работен однос, истакна тој.
Арсовски потенцира дека на определено време се вработува Раководител на сектор за заштита на животна средина.
Ниту се видело, ниту се чуло, раководител во сериозна институција како Град Скопје да биде вработен на определено време. Ова е апсурд најголем на свет, бидејќи оној што треба да биде одговорен за цел еден сектор на вработени, не е со постојано вработување во Град Скопје. Едно од вработувањата е и советник за јавно осветлување. Може Шилегов да излезе низ граѓаните да поразговара и да прошета и сами ќе му кажат каде не функционира осветлувањето заради неговата негрижа. Не му е потребен човек кој да го советува кои канделабри се прегорени или сијалици, или кои се искршени. И за крај, сметаме дека фали уште едно вработување, 136-то на број, и му даваме идеја на Шилегов која што може слободно да ја искористи, а тоа е да вработи советник за уличните кучиња скитници, бидејќи изминативе три години граѓаните се испокасани од кучиња скитници заради неговата негрижа да се справи со истиот проблем, рече тој.
Арсовски порача:
Ова е расипничкото однесување на СДСМ со парите на граѓаните, и додека граѓаните тонат во сиромаштија, СДСМ, Шилегов и Зоран Заев вработуваат нови 135 луѓе во Градот Скопје. Невините граѓани се избркани на улица заради пандемијата и кризата бидејќи државата не успеа и не најде начин да му помогне на стопанството, но затоа СДСМ си вработуваат луѓе по партиски клуч во институции.
Comments are closed for this post.