Државната изборна комисија денеска им препорача на партиите одложување на изборите поради ситуацијата со корона вирусот. Иако од комисијата велат дека тие не можат да побараат одложување на изборите, се надеваат дека ова прашање ќе се најде пред Советот на безбедност кај претседателот Пендаровски.

Доколку тоа се случи Собранието ќе мора пак да се свика и да ги одложи изборите кои се веќе закажани за 12 април.