Државната изборна комисија поништи едно гласачко место во Кавадарци поради неправилности во гласањето. Станува збор за гласачкото место 0684/О1 каде што гласале 368 гласачи, но при пребројувањето биле најдени 369 ливчиња. Лицето коешто гласало не било во Избирачкиот список. Комисијата, исто така, донесе одллука да се разреши избирачкиот одбор на тоа гласачко место.

ДИК поради истата причина, поништи уште едно гласачко место во Кавадарци каде што  гласале 402 гласачи, а биле пронајдени 403 ливчиња.

Ваков случај имало и на едно гласачко место во Куманово, каде што гласале 280 луѓе, а во кутијата имало 281 ливче.