Членовите на Државната изборна комисија денеска се сретнаа со претставници на Мисијата на ОБСЕ/ ОДИХР, во врска со претстојните претседателски избори. На средбата се дискутираше за дејствата што ДИК ги преземала во врска со спроведувањето на изборите и за сите мерки и новитети кои ги вовела за одржување на фер и демократски избори, со цел да се постигне позитивен извештај и усогласеност на националното законодавство со меѓународните стандарди, согласно укажувањата и препораките од претходните извештаи на Мисијата ОБСЕ/ОДИХР.
Главен фокус, како што сооопшти денеска ДИК, била правната рамка, изборната администрација, гласачите, кандидатите и медиумското покривање на изборниот процес. Во однос на сето ова, како што посочуваат оттаму, ДИК презеде активности за покревање на нивото и важноста на спроведување на изборите.
Претставниците на Мисијата на ОБСЕ /ОДИХР укажале дека главниот тим на набљудувачи за овие избори ќе има 11 члена, додека пак долгорочни набљудувачи на целата територија на државата ќе бидат 18. На денот на Изборите ќе има вкупно 250 краткорочни набљудувачи, распоредени низ целата територија.
Comments are closed for this post.