Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција повтори дека нема да признае резултати од пописот со дијаспората, односно дека дијаспората само се евидентира, и дека не може лица кои се повеќе од 12 месеци во странство, односно имаат одјавени живеалишта, да влезат во вкупната бројка на резидентно население.

„Дијаспората се евидентира, не може да биде дел од пиписот. Сите лица кои имаат повеќе од 12 месеци одјавени живеалишта, не може да влезат во вкупната бројка на резидентно население, и јас и ВМРО-ДПМНЕ тие бројки нема да ги признаеме. Не постои сила што мене ќе ме натера да одам спротивно од стандардите на Еуростат. Јасно усвоил Европскиот парламент и Европската Унија методологија за попишување на ‘население и домаќинства’. Сите оние коишто се во моментот на попис надвор, а не го одјавиле живеалиштето во изминативе 12 месеци, може да ја користат он-лајн апликацијата, останатите – не“, вели Мицкоски.