Само 1836 иселеници се пријавиле за гласање за претседателските избори на 21 април и 5 мај. За да можaт да гласаат иселенците требаше да се пријават во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство.

Но, интересот за гласање на овие избори е мал, анализирајќи ги бројките објавени на интернет страница на Државната изборна комисија.

Во некои земји е пријавен само по еден човек па неизвесно е дали таму воопшто ќе се организира гласање. Таков е примерот во Солун, Њу Делхи, Пекинг и Доха.

Најмногу пријавени за гласање има во конзулатот во Венеција-251 и во Љубљана 193.

Зачудувачки е што мал број Македонци се пријавија за гласање во Австралија.Во Мелбурн 64, а во Камбера 50. Мала бројка има и во Соединетите американски држави. Во Вашингтон 25, во Детроит 17, додека пак во Торонто, Канада 80.