Дваесет и три годишна девојка се здобила со серизони повреди откако имала сообраќајна несреќа со својот автомобил.

Девојката со иницијали К.Д., возејки Опел Астра со штипска регистрација, излетала од коловозот на регионалниот пат Штип-Карбинци по што удрила во дрво, од таму во бетонска ограда и на крајот се превртела.

Несреќата се случила во село Стар Караорман, од каде што била и девојката.

По незгодата, девојката со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.