Министерството за правда се уште нема добиено одговор од Унгарија во врска со барањето за екстрадиција на екс премиерот Никола Груевски од надлежното министерство во Унгарија. Како што информира денеска на прес – конференција во Владата министерката Рената Тренеска Десковска пристојните рокови не се изминати.

Сепак, оние пристојни рокови за одгвоор не се изминати. Ќе почекаме, доколку не добиеме во роковите, ќе пуштиме ургенција. Тоа се стандардни процедури коишто се спроведуваат. Сакам да напоменам дека досега во ниту еден случај Унгарија не одбила да екстрадира ниедно лице. Последната екстрадиција беше во септември оваа година и немавме никаква забелешка ниту за водење на судски постапки, ниту за состојба на затворите ниту дека постои некој ризик во Република Македонија. Се надевам дека согласно на својата пракса Унгарија ќе треба да одговори и на овој случај, рече министерката на попладневната прес-конференција со премиерот Зоран Заев на која беше промовиран нов закон за намалување на казните за прекршоци, рече Дескоска.