Министерката за правда Рената Дескоска денеска разговарала со лидерите на Алијанса за Албанците и БЕСА за законите за обвинителство. Вели дека е задоволна од средбите и конструктивноста на албанските опозициски партии.
Таа е јасна дека СЈО треба да продолжи со работа како посебно тело во рамките на Јавното обвинителство, но не и негово претопување.
СЈО треба да биде посебно, да има траен мандат со конкретни надлежности. Тоа е и услов за добивање датум за почеток на преговори и се надевам дела ВМРО-ДПМНЕ, ќе го има тоа в предвид“, рече министерката.
Comments are closed for this post.