Министерката за правда Рената Дескоска денеска одговарајќи на новинарско прашање за пронајдени класифицирани документи во домот на пратеничката Фросина Ременски рече дека тоа не е во надлежност на Министерството за правда, туку на Министерството за внатрешни работи.

– Класифицираните информации или документи не се во делот на Министерството за правда. Тоа е материја што ја уредува Министерството за внатрешни работи така што утре ќе продолжат министрите за внатрешни работи и тоа прашање ќе можете да го поставите, истакна Дескоска во изјавата дадена во рамки на Министерскиот форум – ЕУ Западен Балкан за правда и внатрешни работи