Според првите неофицијални резултати од повеќе од 85,71 отсто обработени податоци од Државната изборна комисија (ДИК), гласале 541.301 граѓани или 36,11%. Од нив 520 461 или 91,33 % гласале “ЗА”, а 5 801 или 5, 76 % гласале “ПРОТИВ”. 532.218 се важечки ливчиња, неважечки 16.073.
Спроведовме добро организиран референдумски процес. Имаше повеќе субјекти кои секој на свој начин придонесоа за успешноста на овој процес. Атмосферата беше добра со исклучок на минорен број инциденти. На референдумот не е донесена одлука – рече претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.
Референдум 2018 – Прес Конференција на Државната изборна комисија
Posted by Државна изборна комисија / Komisioni shtetëror i zgjedhjeve / SEC on Sunday, September 30, 2018
Comments are closed for this post.