Денеска протест на ВМРО-ДПМНЕ со автомобили, финишот пред Учителската школа на Делчев во Штип

23.10.2020 / 9:32


Денеска, на Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, точно на пладне ќе одржи протест со автомобили против, како што велат, мафијата на власт, а за правдата и слободата.

Спореде најавите, протестот ќе почне од две собирни точки во Скопје – СЦ „Борис Трајковски“ – општина Карпош, и СЦ „Јане Сандански“ – општина Аеродром, по што ќе финишира пред Собранието, каде што ќе се обрати партискиот лидер, Христијан Мицкоски.

По говорот, протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа, каде што своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.

127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ. Денот кога почнува организираниот бунт против тиранијата, мигот кога почнува борбата за слобода, правда и своја држава. Денес ја имаме државата, но ја немаме слободата што ја сакаме, ја немаме правдата што ни е потребна, се бориме за националното чувство што ни го негираат, беше наведено во партиското соопштение преку кое се повикуваа граѓаните масовно да се приклучат на протестот.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Нема референдум за убавиот туку за упорниот

пред 23 часа
Македонија

Зошто е толку важен Акцискиот план за малцинства

пред 23 часа
Македонија

Премиерот очекува веќе следната година да почне изградбата на новиот Клинички центар кај „Борис Трајковски“

пред 24 часа
Македонија

Мицкоски: Сакаме добри односи со сите соседи, но прво е заштита на интересот на државата и на идентитетот

пред 24 часа
Македонија

Мицкоски за блокадата на акцискиот план за малцинства: Тоа е политика што трае со децении, ќе победиме и овој пат

пред 2 дена
Македонија

Стефановски: Филипче треба да посети некој ПР курс

пред 2 дена
ВМРО-ДПМНЕ ПРАШУВА

Со што е уценет Филипче?

пред 2 дена
БРАНЕ ПЕТРУШЕВСКИ

ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

пред 2 дена
KOНГРЕС НА СДСМ

Филипче најави притисок за јасен план за ЕУ

пред 3 дена
Македонија

Ќе замине ли Богоев во домашен притвор со гаранција од 60.000 евра

пред 3 дена
Jojobet GirişjojobetcasibomjojobetcasibomStarzbetMadridbetbetcio güncelbetpark girişjojobetesbetgrandpashabetgrandpashabet belge numarasıJojobet GirişGrandpashabet destekgrandpashabet girişJojobetPoliwinGrandpashabetGrandpashabetcasibomjojobetCasibom Girişgrandpashabet