Во последните 24 часа регистрирани се 364 нови позитвни на ковид-19, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Земјава втор ден бележи висока дневна бројка на новозаболени, по вчерашните 317.

Филипче кажа дека на Инфективна клиника во моментов се хоспитализирани 86 лица, а во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ 44, од кои 4 се на респиратор.

Најголемо зголемување на бројот на новозаболени од ковид-19 за периодот од 28 септември до 4 октомври се бележи во возрасните групи од 20-29 години и 30-39 години, за 60% односно 46,1%, кажа Филипче.