Во последните 24 часа во државата се регистрирани нови 199 случаи на Ковид-19, од направени 2.558 тестирања. Оздравени се 556 пациенти, а пријавени се 32 починати, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи, во Скопје се 157, Куманово и Кавадарци по 6, Прилеп, Гостивар, Кичево и Дебар по 4, Велес 3, Битола, Штип, Струга, Свети Николе и Крива Паланка по 2, Богданци 1.

Регистрирани сe 556 оздравени пациенти од Скопје 164, Тетово 115, Струмица 50, Куманово 40, Гостивар 35, Штип 26, Кавадарци 20, Кичево 15, Битола 14, Велес 11, Дебар 10, Ресен и Пробиштип по 9, Валандово 8, Прилеп 7, Кочани 6, Кратово 5, Неготино и Радовиш по 4, Свети Николе 2, Виница и Богданци по 1.

Пријавени се 32 починато лице – 13 починати лица од Скопје (80г, 76г, 75г, 72г, 72г, 69г, 69г, 64г, 61г, 57г, 55г, 45г, 35г), 6 починати лица од Тетово (81г, 78г, 77г, 69г, 62г, 53г), 3 починати лица од Гостивар (83г, 74г, 68г), 2 починати лица од Велес (72г, 64г) и по едно починато лице од Прилеп (80г), Кавадарци (72г), Охрид (77г), Струмица (77г), Струга (79г), Свети Николе (57г), Радовиш (49г) и Делчево (71г).
30 од пријавените починати лица се починати во болнички услови, двајца се починати во домашни услови.