Осуммина министри до крајот на месецов ќе министеруваат во Владата на Зоран Заев .а потоа според најавите на премиерот со реконструкцијата на Владата тие ќе бидат сменети.

Дали министрите од ДУИ ќе куртулат и кој ќе одлучува за нивна смена, дали премиерот или партискиот лидер останува да видиме.

Премиерот Заев од Охрид потенцираше дека промени ќе има и на раководни структури во власта и на кадри од другите партии, членки на владејачката коалиција. 

Паралелно со владината чистка ќе има и смена на директори на повеќе од дваесет државни јавни претпријатија.