СДСМ ја започнува годината со црнила и со скандали. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, крие дел од имотот, според фактите кои ги обелоденуваат медиумите, рече денес во обраќањето до јавноста Маја Славева пред Министерствотото за труд и осцијлана политика.

Таа рече дека е објавено оти Царовска живее заедно со нејзиниот невенчан сопруг, Горан Георгиев, а во својот анкетен лист го нема пријавено имотот на истиот.

„Ова е анкетниот лист на Царовска, во него е наведен нејзиниот личен имот и имотот на нејзините родители, имотот на нејзиниот брат, меѓутоа го нема и имотот на нејзиниот невенчан сопруг. Според информациите Царовска е во вонбрачна заедница со Георгиев, со кого има и дете, заедница која според македонските закони е рамна на брачната заедница кога се работи за имот и други права стекнати ззаеднички. Невенчаниот сопруг на Царовска, Георгиев, е неколкукратен добитник на милионски тендери од институции со кои раководи СДСМ. Како што објавија медиумите фирмата на неформалниот сопруг на Царовска добила 1.5 милиони денари на име набавка на дронови“, рече Славева.

Таа притоа праша дали милионските тендери се причината поради која Царовска не го пријавува имотот на нејзиниот невенчан сопруг?

„Дали преку невенчаниот сопруг на Царовска се прекршува законот за да се добиваат државни пари во четири очи без распишани тендери? Дали на тие сметки се таложат парите кои јавноста не треба да ги гледа, а ги плаќа од свој џеб“?, праша таа.

Притоа Славева потсети дека според чл. 81 од Законот за сопственост и други стварни права имотот кој вонбрачните другари ќе го стекнат во вонбрачна заедница се смета за нивен заеднички имот. Царовска во спротивност со законот не го прибележала имотот на нејзиниот вонбрачен другар, па дури ни тој кој како што објавуваат медиумите е стекнат додека се во заедница, исткна Славева.

„Почитувани, оваа криминална власт на чело на позициите за министер постави луѓе кои наместо да се грижат за граѓаните, се грижат за своите лични потреби! Оваа криминогена власт мора да си замине. СДСМ мора да си оди, црнилата мора да бидат поразени, а зората ќе изгрее за Македонија“, истакна Славева.