Себеназначувањето за министер за финансии ја отвори дилемата дали Зоран Заев се токми да остане во Владата и во периодот кон треба да се формира техничка влада пред парламентарните избори кога и да се случат. Оваа пракса се воспостави со договорот од Пржино според кој се реализираа парламентарните избори во 2016 година.
Според тој договор потпишан од лидерите на четирите најголеми партии на сто дена пред одржувањето на изборите дотогашниот премиер поднесува оставка и на негово место доаѓа нов технички премиер на предлог од владејачката партија. Во 2016 година Емил Димитриев го замени Никола Груевски.
Треба да се формира и техничка влада во која на неколку клучни ресори треба да влезат кадри од опозицијата. Опозицијата треба да го добие министерството за внатреши работи и труд и социјала, а пак дополнителни заменици министри ќе бидат поставени во МВР, труд и Социјала, земјоделство, информатичко општество, и она што е најважно во министерството за финансии.
Според тоа, министер за финансии би можел да биде Зоран Заев, а пак дополнителен заменик министер би бил кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
Во 2016 како министер за финансии во преодната влада стана Кирил Миноски а како дополнителен заменик министер беше поставен Кире Наумов од СДСМ.
Пржинската влада треба да трае сто дена, но доколку се оди на предвремени избори рокот се скратува и може да биде 45 денови.
Заев вчера образложувајќи го новиот состав рече дека функцијата министер за финансии ќе ја извршува во определен период задно со премиерската, но не кажа колкав е тој период.
Comments are closed for this post.