Портпаролката на Бугарското обвинителство Сијка Милева на прес-конференцијата на бугарското обвинителство сподели информација дека во придружба на државниот јавен обвинител на Македонија Љубомир Јовески и Вилма Рускоска ги посетила преживеаните патници во софиската болница.
Во разговор со патникот од Прешево, кој бил буден за време на несреќата и го сркшил задното стакло, тој ја информирал дека од автобусот се спасиле осум патници.
Му реков вие овде сте седум, но тој инсистираше дека се спасиле осум луѓе. Ние најдовме 44 трупа, во болницата се 8 преживеани и врз основа на тоа констатиравме дека во автобусот имало 52 патника. Ве информирам дека работиме на тоа да го најдеме уште едното лице за кое сведокот тврди дека се спасило. Сепак, може да се работи и за негов превид, рече Милева.
Comments are closed for this post.