Во четврток во Генералното собрание на Обединетите нации ќе се гласа за Резолуцијата за геноцид во Сребреница со која Србија и Србите ќе бидат прогласени за геноцидни. Голема дипломатска мисија спроведува претседателот на Србија Александар Вучиќ за во ГС резолуцијата не го добие потребното двотретинско мнозинство.
Пред заминувањето за Њујорк тој изјави.
Со сите сили ќе се борам против документот со кој на Србија ќе и се стави етикет на геноцидна држава. Во четврток вечер ќе знаеме кои земји ни се пријатели а кои партнери. Ќе ги славиме знамињата на сите држави кои ќе гласаат против Резолуцијата-изјави вчера Вучиќ.
Власта на ДУИ и СДСМ е една од промоторите на оваа резолуција а министерот во заминување Бујар Османи се пофали дека самиот ја донел одлуката да ја поддржи оваа резолуција. Во Генералното собрание гласот од Македонија треба да го даде амбасадорот Љубомир Фрчовски.
Македонците во Србија пред неколку дена побараа од претседателката Гордана Силјановска-Давкова која единствена има легитимитет во овој период да спречи Македонија да поддржи ваква срамна резолуција.
Comments are closed for this post.