Постојат најмалку 250 илјади причини обвинителството да се разбуди и да го испита случајот рекет во РЕК Битола, а ако добро прочепкаат можеби ќе излезат милиони причини за отворање на случај.Фирмата „СВ Инвест“ која е клучна во овој случај, а која важи за многу блиска до Вице Заев, отвора мистериозно брзо стечајна постапка, извесно време откако е спомената во пријавата до МВР за изнуда на 250 илјади евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Повторно прашуваме дали сопственикот на оваа фирма, лицето Столе Чифлигароски, исто така близок до Вице Заев, во меѓувреме ја напуштил државата и дали останал должен кон државата речиси 2,5 милиони евра даноци?
Потсетуваме дека оваа компанија и нејзиниот сопственик беа посочени од страна на фирмата која го пријавила случајот за изнуда како чинителот на кој треба да му се отстапи дел од бизнисот или на која треба да и бидат уплатени 250 илјади евра, доколку изнудуваната фирма сака да продолжи да работи во РЕК Битола. Во оваа пријава се споменуваат и тогашниот директорот Ковачевски, Вице и Хотелот „Парк“ во Струмица.
Тоа што некој се обидува од самиот почеток да ја забошотува истрагата, да фалсификува изјави е само причина плус обвинителството да се одважат и да го процесуираат сериозниот криминал на власта.
Очигледно оваа власт е до гуша заглавена во корупција и тоа ја уништува Македонија.
4 години власт на Заев, 4 години украден живот.
Доста е!
Comments are closed for this post.