Кој било договор да биде постигнат ќе мора да биде претставен пред граѓаните и да биде прифатен од нив.
Оваа изјава на вицепремиерот Артан Груби ги вознемири политичките кругови во Македонија кои го следат спорот со Бугарија. Дали ова значи дека власта подготвува референдум за договорот што евентуално ќе биде постигнат?
Ова кај македонските граѓани буди непријатни спомени ако се знае на каков начин беше спроведен референдумот и за фактот што власта не ги почитуваше резултатите. Кога не беше исполнет законскиот минимум од излезени граѓани власта тоа го претстави дека рефрендумот бил консултативен и дека не се обврзани да ги почитуваат резултатите.
По референдумот следуваа уставните измени донесени на сила и со помош на неколкумина пратеници од тогашната власт.
Дали ова ќе ќе се случи и со Бугарија
Со оглед на најавата на Груби и вчерашната исповет на Никола Димитров многу е веројатно.„Pressing TV“ се обиде да стапи во контакт со Груби но тој не одговори на нашите повици.
Димитров вчера се пожали дека намерно е тргнат од новата влада бидејќи не се согласува како се одвиваат преговорите со Бугарија и оти министерот за надворешни работи Бујар Османи инсистира на договор по секоја цена без да бидат зачувани македонските национални интереси.
Comments are closed for this post.