Денешното сведочење на Бојан Јовановски во случајот „Рекет“ открива нови моменти за поврзаноста на тогашниот премиер, а сега лидер на СДСМ Зоран Заев со главните актери.
Боки денеска објави дека дека ќе има обвинение Заев му кажал уште на 3 април 2019 година.Заев дури тврдел дека странски служби и обвинител знаат се за случајот.
Но Заев, до неодамна манипулираше со јавноста дека има било каква поврзаност со случајот и дека веднаш штом дознал го пријавил во Јавното обвинителство иако никогаш не покажа записник за пријавата.
Но датумитте покажуваат нешто друго. Заев при крајот на минатата година на својот Фејсбук профил го објави датумот кога наводно го пријавил случајот. Тоа 22 април 2019 година, односно цели 20 дена откако на Боки му кажа дека знае за рекетот.
-Проверив и ја известувам јавноста дека случајот „Рекет“ го пријавив на 22 април 2019 година, напиша Заев.
По ова Заев е должен да одговори зошто чекал 20 дена да го пријави случајот и дали имало пазарења помеѓу него и обвинетите во случајот.
Comments are closed for this post.