Артан Груби се избламира себе, а ја избламира и Македонија, за надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д првин избрал руска фирма, а сега кинеска.Надзорот над американската Бехтел во Македонија заради Груби ќе го врши кинеската ЕПТИСА, која од 2016 година е во целосна сопственост на кинеската ЈСТИ Груп, а од 2022 година целиот врвен менаџерски тим е составен од кинези, па така Шаонин Жу е потпретседател на бродот на директори на Ептиса, Чао Ванг финансиски шеф на Ептиса и Јиран Меи менаџер на Ептиса се раководниот кадар на спорната компанија за која владата иако велеше дека е криминална ја одбра за надзор на проект вреден скоро 2 милијарди евра, обвинува Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Груби велеше дека ова не е истата ЕПТИСА, да оваа ЕПТИСА од 2022 покрај тоа што е со целосно кинески капитал, а во целост водена од кинези, бидејќи кинез е главниот извршен директор.

Не знаеме дали овие кинези на Груби му личат на шпанци, но знаеме дека го искомпромитира целиот проект и подобро е сега да се поништи постапката за надзорот и да се избере нов, отколку подоцна сите да ги платиме последиците кои може да дојдат.

Ова е единствен случај во светот каде Кинеска компанија ќе контролира американски гигант, за какви криминални врски станува збор со владата на Груби и Ковачевски?