Резолуцијата за Македонија преку која неколку холандски пратеници бараа да се блокираат преговорите со нашата земја беше отфрлена од мнозинството во холандскиот парламент.
На седницата се гласаше за четири резолуции поврзани за проширувањето на ЕУ, но само таа против Албанија доби мнозинство гласови. Црвеното светло за Албанија е вклучено пред сѐ поради недоволен прогрес во делот на борбата против организираниот криминал и корупцијата. Според нивниот министер за надворешни работи, Стеф Блок, отворањето пристапни преговори со Албанија е избрзана одлука.
Ваквото гласање во холандскиот парламент директно ќе влијае врз доделувањто на датум за нашата држава, бидејќи ЕУ одлучи да не стави во интеграциски пакет заедно со Албанија.
Comments are closed for this post.