Како не избраа да ни „дадат“ некој празник, што ги поврзува Бугарите со Македонците? А, ги има толку многу и за нив спори мешовитата комисија. Да го одредиш 22 септември (се разбира, никако не го потценувам!) како неработен ден за Бугарите во Северна Македонија е еднакво лицемерно со тоа на првото заедничко чествување на делото на христијанизацијата на Словените на Светите браќа во Рим во „Сан Клементе“ да го испратиш на чело на државната делегација Албанецот, Талат Џафери. Ништо против човекот, нормално…
Вака го завршува текстот извесен Костадин Филипов, што софиски „Труд“ го објавува под наслов „Бугарите сме во графата „други“““, со поднаслов „Десет нови празници во Република Северна Македонија“. Поводот за текстот се предложените измени во Законот за државните празници, со кои се предвидува сите заедници, што се споменуваат во Преамбулата на Уставот и се ставени во графата „други“ да добијат свои празници.
Филипов забележува дека „поголемо лицемерие и демагогија не може да има“ и особено му пречи што Бугарите во Македонија се сместени во графата „други“.
Извинете, но нашите луѓе да ги ставиш во иста кошница со „балканските Египќани“-ѓупци, како што ги нарекуваат во мојот роден Петрич, или со Пољаци, Руси, Унгарци, Украинци, па и со Ерменци, ви се молам…Не ни е таму местото. Но, каде ни е-е тоа е тема за вистинска дебата, забележува Филипов.
Comments are closed for this post.