Доктор Никола Пановски во гостувањето во „Утрински брифинг“ тврди дека веднаш треба да се врати полицискиот час од 21 часот и да се контролира движењето во ризичните подрачја каде што има најголем број заразени. Според него, мерките за олабавување не смеат да се носат политички.
Јасно е дека мерките беа политички одлуки и фала Богу дојде и шамарот. Комисијата за заразни болести да се води по науката и струката. Според мене, воопшто не требаше да ги олабават мерките. Значи, полицискиот час веднаш треба да се врати од 21 часот и да не биде дозволено шетање цела ноќ. Исто така, веднаш да се спроведе контрола во ризичните подрачја. Дали ризичните подрачја се контролираат никој не знае. Не може да доаѓаат во Центар кога ќе им текне, туку само по потреба. Совеста на граѓаните да се искачи на повисоко ниво и да се казнува. Каде беше вчера полицијата во Кочани, да ги казнува тие што ги гледавме на фотографиите како во кафуле не ги почитуваат мерките? Зошто носат одлуки што не можат да ги спроведат?, ни рече доктор Пановски.
Comments are closed for this post.