Антикорупциска комисија на денешната седница соопшти дека ќе отвори предмет за можен судир на интереси при избор на канцелариски простор на поранешните претседатели Бранко Цренковски и Ѓорге Иванов.

Комисијата веќе почна процедура за утврдување на имотната состојба на претседателот Иванов, по допрен глас дека купил два стана во време на неговиот втор претседателски мандат.