Прв пат од потпишувањето на Договорот од Преспа, грчкиот премиер  Алексис Ципрас, испраќа јасна порака до владата на Скопје и ја остава отворена можноста  дури и да и не го ратификува договорот објави iefimerida.gr

По провокативните изјави што дошле од Скопје, Ципрас нагласува дека имал конфронтации со лидерот на опозицијата Мицотакис.

Скопје мора да го почитува духот и словото на Договорот за Преспа. Ако ова не е сторено, ние и самите и на сите им објавивме дека ниту договорот, ниту пристапот на земјата во меѓународни организации нема да продолжат -изјави Ципрас

Тој додаде дека  со големо внимание го чекаат завршувањето на уставниот процес и даваат пораки таму каде што треба да се даде.

Дека поддршката за Договорот од Преспа се намалува најави и лидерот на Независни Грци  Панос Каменос.Тој беше јасен дека неговата пратеничката група донела одлука да не даде поддршка за Преспанскиот договор, но тоа  сепак  нема да значи и поддршка за паѓање на Владата на премиерот Ципрас.

Исто така неизвесно е дали и партијата Потами ќе даде поддршка за договорот во Парламентот.