Грчкиот премиер, Алексис Ципрас кој утрово допатува во Скопје со голем број на министри и бизнисмени, ќе се сретне со осумтемина независни пратеници од на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија”. Најавено е дека средбата ќе се одржи попладне во Собранието.
На средбата се очекува да разговараат за договорот од Преспа.
Ципрас нема да се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот Ѓорге Иванов.
Comments are closed for this post.