Утрово започнува расправата во парламентот на Грција за доверба на владата. Ваквата ситуацијата доаѓа отако министерот за одбрана Панос Каменос си даде оставка по што премиерот Ципрас беше принуден да бара гласање за доверба на неговата влада.
Партијата Независни Грци на Каменос е клучот дали владата на Ципрас ќе преживее. Каменос се закани на своите пратеници дека ќе ги исклучи од партијата неговите пратеници што ќе гласаат за доверба на владата која треба да падне за договорот од Преспа да не дојде на гласање.
Но, слично како и во Македонија, Каменос нема контрола врз шестмина од своите пратенци за кои се очекува да гласаат за поддршка на владата.
За владата да опстои потребно е да гласаат 151 од 300 пратеници во грчкиот парламент. Сириза има 145 пратеници и потребни се уште шест. Расправата и гласањето треба да завршат најдоцна до утре на полноќ.
Comments are closed for this post.