Поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, во фејсбук објава вели дека вработените во Министерството за внатрешни работи заслужуваат подобри услови и почитување на нивните права, а тоа значи достоинствен живот.
Чулев денеска, кога се одбележува Европскиот ден за човекови права, напиша дека искуството во изминатиот период покажало дека човековите права грубо се кршат и злоупотребуваат.
Професионализмот во полицијата мора да се врати!, напиша Чулев воедно повикувајќи ги граѓаните на поддршка на протестот на полицискиот Синдикат кој ќе се одржи во вторник (27.10.2020 година)
Comments are closed for this post.