Вкупно седум медицински лица кои работат на Унивезитетскиот стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ во Скопје се заразени со коронавирус. Од нив тројца се доктори на кои вчера им беше потврдено дека се позитивни на ковид-19.
Министерството за здравство за „Република“ ја потврди информацијата.
На Клиниката за стоматологија има вкупно седум медицински лица кои се во изолација поради коронавирус. Од нив четворица се позитивни, а тројца се во изолација поради контакт со позитивно лице. Сите се во изолација, велат од Министерството за здравство.
Според Министерството за здравство, медицинските лица не се заразиле на работното место.
Ниту еден од нив не е заразен на работното место и ова никако нема да влијае врз работењето на Клиниката, велат од МЗ.
Вчера беа регистрирани рекордни, 535 новозаразени со ковид-19, а беа направени 2.445 тестирања. Најголемиот дел од заразените, односно 277 се од Скопје.
Во истиот период се регистрирани и шестмина починати, а 168 оздравени пациенти.
Во Скопје веќе одамна нема кластери и не се знае кој од каде се заразил. Во моментов, според д-р Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје Скопје единствен кластер е оној со шестемина пациенти од Психијатриската болница во Бардовци.
Comments are closed for this post.