НАТО и ЕУ не треба да се откажуваат од Македонија поради резултатите од референдумот, туку да ја продолжат поддршката и соработката, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавашоглу.
Ние внимателно ги следевме случувањата. На крајот на краиштата ова е одлука на граѓаните на Македонија и ние тоа мора да го почитуваме. Од друга страна, ниту НАТО, ниту ЕУ не треба да се повлечат од поддршката и соработката со Македонија поради референдумот и резултатите од него. Впрочем, Македонија беше поканета да стане членка на НАТО на последниот Самит со едногласна одлука на сите сојузници, истакна Чавашоглу на заедничката прес-конференција во Анкара со холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок.
Шефот на турската дипломатија истакна дека преговорите за членство во НАТО со Македонија мора да продолжат, а ЕУ мора да посвети поголемо внимание на Западен Балкан.
Турција, рече Чавашоглу, го поддржува напредокот, мирот и стабилноста на државите од Балканот, како и нивната интеграција во НАТО и ЕУ.
Comments are closed for this post.