Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски,се јави со реакција за објавените текстови на порталите „Пресцентар.мк“ и Револуцинер.пресс“ во кои се изнесуваат текстови за наводни пари од руски бизнисмени кои ги примил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Чадиковски објаснува дека во вакви ситуаии ги повикуваат засегнатите страни, граѓани, политичари, новинари да упатат претставка до Советот за етика во медиумите или до Советот на честа при ЗНМ да утврдат дали  во одреден текст има кршење на професионалните стандарди.

-Во таа насока ја промовираме и саморегулацијата која ќе овозможи да се разоткрие сопствеништвото и уредништвото во порталите и воедно ќе се направи дистинкција меѓу професипналите онлајн медиуми, наспроти оние што ги кршат стандардите и кодексот во новинарството-вели Чадиковски за Пресинг ТВ.