„Одговорно и отчетно постапувам со тоа што ја известувам јавноста и го информирам Јавното обвинителство за сите сознанија“, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска откако денеска даде изјава во Јавното обвинителство во врска со непрефрлање на придонесите во Вториот пензиски столб изминатите десетина години.
Царовска не сакаше да изнесе повеќе детали, бидејќи постапката е во тек, а во Обвинителството била во својство на сведок.
Поканата до Царовска доаѓа откако до скопското Јавно обвинителство беше поднесена кривична пријава од Министерството за труд и социјална политика против непознати сторители за неуплаќањето средства во Вториот пензиски столб на 12 илјади осигуреници.
Според изјавата на министерката Царовска дадена минатата недела, 19 милиони евра за пензиско осигурување во изминатите десет години не се уплаќани во Вториот пензински столб.
Comments are closed for this post.