„Нашата работа е да го заштитиме системот, законските измени се направени, финансиските средства за граѓаните се тука, обесштетувањето почна, се останато е работа на ОЈО“, изјави денеска министерката Мила Царовска во врска со случајот со Вториот пензиски столб.

Во однос на обвинувањата од страна на ДУИ и нивните изјави во јавноста дека ќе тужат и дали има индиции за нивните функционери кои биле во тој период, Царовска рече дека ОЈО е тоа што има работа да истражува.

Министерката пред околу десетина дена обелодени дека над 12 илјади вработени од кои најголемиот број во изминатите десет години за првпат засновале работен однос, не добивале пари за вториот пензиски фонд и со тоа секој од нив изгубил по околу 400 илјади денари наменети за нивната идна пензија.