Актерот Сашо Тасевски преку пост на Фејсбук се сеќава на Ристе Секирчанец од Прилеп.Тој бил убиен од Бугарите, односно од администраторите што би рекол Заев, удиран по срцето и жив закопан.
Според сведочењето на џелатот, бил многу силен. Обично умирале по првиот удар. Секирчанец бил жив и по третиот. Низ кркорење им велел во лице дека набрзо ќе бидат избркани, а Македонија ќе биде слободна. Закопан е жив. Неговата жена Стева лично го откопувала и тогаш се видело дека се борел за воздух.Неговата маченичка смрт и мачење кое претходело се опишани во книгата Нескршливите. Прилеп не му ја изразил достојната почит. Еден од најзаслужните за отпорот и ослободувањето на Прилеп од бугарските окупатори.Слава му-пишува Тасевски.
Comments are closed for this post.