Власта на ДУИ и Ковачевски шверцерски со потпис на Артан Груби протнала одлука за основање на дури три нови онлајн коцкарници. Во услови кога народот тоне во сиромаштија тие наместо да работат на подобар стандард формираат коцкарници кои уште повеќе ќе ги осиромашуваат граѓаните, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Да биде ова уште посомнително, власта воведува услови кои ги дисквалификуваат домашните фирми и отвораат можност да влезе капитал од бугарското подземје каков што е ликот Васил Бошков Черепот. Токму овој лик поврзан со бугарската мафија, кој живее во Дубаи, се занимава со бизнисот осо коцкарници и условите за бизнисот во Македонија кои ги определува Владата му отвораат можности на бугарското подземје да навлезе во државата.

Ова не само што е лицемерно од страна на власта која го осиромашува народот, туку е и крајно опасно за државата.

На ова предупреди и Изет Меџити.

„Овие казино компании, кои ќе бидат претежно државни, ќе овозможат онлајн коцкање на вашите телефони, таблети и домашни компјутери. Одлуката е одобрена од Владата, со потпис од Артан Груби, човекот кој во сенка стои зад секое казино низ државата. Коцкањето ќе влезе во нашите домови. Ако до сега требаше да одите во казино, по овие одлуки на Артан Груби и Владата, казиното ќе дојде во вашите домови само со неколку кликови онлајн. Ние од обединетата албанска опозиција силно се спротивставуваме на ова ширење на инфекција од казината, на секоја улица, сега дури и на интернет. Ќе се бориме со овој феномен. Зад овие бизниси и одлуки стои ДУИ, стои Артан Груби“, рече вчера Меџити.