Ако бидам повикан да сведочам, секако дека ќе се одзвам на поканата, изјави за Пресинг Тв, екс-премиерот Владо Бучковски
На денешното рочиште за случајот „Маѓар телеком“, што го опрезеде СЈО, бранителот на Атила Сендреи побара да биде сослушан поранешниот премиер во чие време беше потпишан Протоколот меѓу Владата и Македонски телеком. Адвокатот Ненад Јанакиевиќ сведочењето на Бучковски го оцени како наметната неопходна потреба, бидејќи пред судот беше распрашан поранешниот министер за транспорт и врски Џемали Мехази, а обвинителството му поставуваше прашања и на поранешниот директор на Одборот на директори, Дејан Мицковиќ.
Владо Бучковски како поранешен премиер е потписник на Протоколот и заради утврдување на целосната вистина потребно е негово сведочење, изјави Јанакиевиќ.
За барањето на одбраната, специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова ќе треба да се изјасни на следното рочиште закажано за 24 април.
Во моето сведочење во Вашингтон, во февруари 2014 година, пред Американската Комисија за хартии од вредност изнесов многу детали кои фрлаат поинаква светлина на случајот „Маѓар телеком“. На стотина страници се моите сведочења таму, се надевам дека при евентаулното сведочење овде кај нас, ќе биде интересно да повторам дел од клучните поенти, ни изјави Бучковски.
Иако на денешното рочиште требаше да сведочи ексразузнавачот Слободан Богоевски, тој не дојде во судот, кого го известил дека е спречен да присуствува поради обврски во работна група во Владата, па неговото сведочење ќе биде дополнително закажано.
Судењето за „Маѓар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде СЈО. За злоупотреба на службената положба се обвинети генералниот директор на Македонски телеком, Атила Сендреи, финансискиот директор, Ролф Плат, како и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус. Тие се осомничени дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин го оштетиле Македонски телеком и буџетот на Македонија.
Comments are closed for this post.