Мојата улога е дополнително да се засилат нашите редови во преговорите, со моето присуство во Софија да се обидеме да се подготвиме да најдеме излезно решение истакна специјалниот преговарач на Владата во преговорите со Бугарија, екс-премиерот Владо Бучковски во „Студио 10“ на ТВ 24.
Тој истакна дека може да се дојде до заеднички прифатливо решение во кое нема да бидеме понижени и во кое нема да биде загрозен нашиот идентитет.
Во однос на моменталните преговори тој истакна дека не може во моментот, со оглед на неговата позиција, да открива детали.
Бучковски изјави дека во моментов се бараат начини како да се врати довербата во процесот на имплементирање на договорот за добрососедство, бидејќи, како што спомена тој, тие имаат недоверба во нашата посветеност на реализиација на договорот…
„Ако работевме на ова во предизборието кај нас ова ќе беше предоминантна тема, затоа побаравме пауза, и тоа остави впечаток кај бугарската страна дека ние тактизираме. И остави простор додека бевме преокупирани со договорот за тоа кога да се одржат изборите кај нас, уште тогаш бугарскиот парламент да донесе декларација кој сега е рамката во која, условно речено, сега ги бараме решенијата“, рече Бучковски.
Тој потенцираше дека бугарските власти и опозицијата тамошна и Бугарската академија на науките даваат целосна поддршка на она што е државна политика на Бугарија да има механизми за исполнувањето на условите во договорот.
Во однос на нашите црвени линии, Бучковски истакна дека нашите црвени линии ги исцртаваме во насока на изјавите дадени од нашите политичари – претседателот, премиерот, јасно е во кој правец одиме со решенијата, рече тој.
Во однос на прашањето зошто ние не донесеме декларација, Бучкоски посочи дека самиот договор има механизми како да се надминт проблемите, а не да се носи декларација.
Ако ние донесеме резолуција како што бара Мицкоски ние ќе се оддалечиме уште повеќе“, рече Бучковски.
Comments are closed for this post.