Со денешната црна статистика од 26 починати лица поради компликации предизвикани од коронавирусот во Македонија, меѓу кои и 23-годишно лице од Крива Паланка, вкупниот број достигна 6.013 починати од почетокот на пандемијата.

Според податоците од Министерството за здравство, вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројот на оздравени пациенти е 157.868, на починати е 6.013, а на активни случаи изнесува 14.998.