Претседателката на Државната изборна комисија Билјана Ивановска на денешната јавна седница објаснуваше што спаѓа под роднински врски во контекст на притисокот од јавноста за назначувањето на баџанакот на Талат Џафери, Нури Бајрами за член на Антикорупциската комисија.

Брат и сестра на брачниот другар на избраното и именувано лице како роднини по сватовство од втор степен.Тоа значи дека ако Талат Џафери е избраното лице-братот и сестрата на неговата сопруга и до тука застанува.Не значи дека се и нивните сопружници и децата-вели Ивановска.