На барање на владата на Бојко Борисов за нашите односи со Македонија, во јануари 2013 година веќе покојниот академик Стефан Воденичаров подготви една група експерти од шест институти-за историја, етнографија, фолклор, економија, правниот и археолошкиот. Подготвивме извештај и му го врачивме.

Ова во интервју за софиски Труд го изјави бугарскиот историчар, академик Георги Марков.

-Од историска гледна точка и сега сум категоричен дека не можеме да правиме компромис со историјата, не можеме да бидеме соучесн ици вбо нејзиното фалсификување. Да, нашите соседи имаат право на самоопределување-македонска нација, но таа е создадена од нивниот татко, маршалот Тито, по Втората светска војна и тоа според Коминтерновски рецепт. А, откако ќе постои нација, треба да има и историја. А, имаат ли тие историја-имаат дури по војната. Да не се изјаснувам околу тоа што значи заедничка истгорија. Заедничката историја, тоа е бугарската историја. И не можеме да ја делиме. Ние не можеме да го делиме тоа големо и многу важно востание Иленденско-Преображенското. А, тие велат дајтге ни го Илинденското, ете ви го Преображенското. Можете ли да си замислите, вели Марков.