Денот 24 мај да е „Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просвета и култура и на словенската книжевност“. Ова е компромисната варијанта за преименување на празникот смислена од ВМРО-БНД и ГЕРБ беше одобрена од социјалната комисија на бугарското Народно собрание, пишува софиски 24 часа.
На почетокот на октомври ВМРО-БНД предложи измени во законот за празници со кои 24 мај треба да се преименува во „Ден на бугарската писменост, просвета и култура“. Меѓутоа, тоа предизвика спор меѓу научниците, а од Скопје ја обвинија Бугарија дека си го присвојува празникот.
Од БСП застанаа цврсто против промената и излегоа со декларација во која меѓу другото се вели дека со промената се прави негација на сеслосвенското и општоевропското значење на Кирил и Методиј. Ваквиот став ВМРО-БНД го оцени како „коминтерновски“.
Конечната одлука ќе биде донесена по второто читање на текстот на законот.
Comments are closed for this post.