Безбедноста околу арената „Борис Трајковски“ пред почетокот на Самитот на ОБСЕ е највисоко ново. Ова е најголем политички настан во Македонија.Досега ваков голем настан беше од светот на спортот кога во Скопје се играше Супер купот.

Целата сала е опколена со барикади како оние на протести а на раскрсниците се поставени полициски екипи.

Секое возило и автобус пред влезот се контролира со детектор за метал и за експлозив и никој што не е акредитиран не може да влезе.

Самиот на ОБСЕ започнува вечерва со свечена вечера за гостите а главната расправа е утре.