Бојан Јованоски и пиша на американската амбасадорка Анџела Агелер во која ја преупреди дека се соочува со закани и уцени поради операцијата „Бумеранг“. Тој бара од амбасадорката лично да го посети во затворот „Идризово.
Писмото го пренесуваме во целост:
„Јас Бојан Јовановски со прекар Боки 13, медиумски работник, јавна личност и активист, осуден на казна затвор за случајот во јавноста познат како “Рекет”, аналогно на претходно известување кое го испратив до вас во кое ве известив за актуелните случувања и испратив барања и замолница до вас, со ова ново известување до вас имам за цел изворно да ве запознаам и информирам за сите новонастанати состојби во врска со мојот случај и тортурата пропратена со незаконити дејствија, нечовечно однесување и постапување од страна на надлежните органи, која се врши над мене во непроменет континуитет но со зголемен интензитет.
Со оглед на мојата здравствена состојба за која ви ги испратив во прилог на претходното известување сите медицински докази во смисла на комплетна медицинска документација со која се потврдува мојата животно загрозувачка состојба, а сето тоа доведено во корелација со моето барање за прекин на издржување на казна затвор согласно законска одредба од Законот за издрзување на санкциите, ве информирам дека сеуште не е постапено по моето истакнато барање до Основниот кривичен суд Скопје, односно се уште нема одлука во жалбената постапка по првостепеното решение ПК бр. 18/22 за кое изразив сериозен и основан сомнеж дека решението е антидатирано и фалсификувано (за основаноста на сомнежите ќе зборувам пред надлежен орган кога ќе бидам повикан и спроведен).
Второстепена постапка по жалба повторно се води пред Основниот кривичен суд Скопје пред Кривичниот совет на истиот суд и во текот на жалбената постапка, од страна на одбраната доставени се дополненија на жалба со нови докази кои одат во поткрепа на основаноста на барањето за прекин, доставени се
– Отпусно писмо од ЈЗУ УКХБ СВ.НАУМ ОХРИДСКИ СКОПЈЕ од 17.02.2023 година
– Специјалистички извештај од конзилијарен преглед од 16.02.2023 година
– 11 потврди од Итната медицинска служба – Скопје
– Специјалистички извештај од контролен преглед од 01.03.2023 година од ЈЗУ УКХБ СВ.НАУМ ОХРИДСКИ Скопје
Ве информирам дека барање за прекин е истакнато и до директорот на Управата за извршување на санкции на ден 01.02.2023 година и дека и од овој орган како суверен во својата одлука сеуште нема одлука по барањето.
Судот, односно претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев, поради своите лоши намери и негативната тенденција кон мене изразени и видливи преку првостепеното решение ПК бр.18/22 со кое барањето за прекин го одби како неосновано, решение кое е под сомневање за сторен фалсификат и антидатирање, ги девалвираше и ја наруши кредибилноста на докторите специјалисти и субспецијалисти кои се докажани врвни стручњаци во областа, дел од терцијарното ниво на здравствена заштита како највисоко ниво од државниот здравствен систем и ги погази нивните издадени категорични и стручни препораки за моето понатамошно лекување, како единствени компетентни за оценка на мојата здравствена состојба.
Воедно, важно за напомена дека единствен законски услов кој треба да биде исполнет за уважување на поставеното барање согласно чл. 224 ст.2 од Законот за извршување на санкциите е мислење од здравствен работник, а во конкретниот случај има повеќе мислења кои со сигурност укажуваат на мојата животно загрозувачка состојба и дека лекувањето не може и не смее да продолжи во пенални услови, бидејќи може да настанат компликации кои може да завршат со смртоносни последици по мојот живот, сето ова сега и потврдено на лице место во реално време и простор во затворската установа од 11 доктори од Итната медицинска служба Скопје.
Исто така важно за напомена е фактот дека на осудени лица им се овозможувал институтот прекин и за помали дијагнози и интензитет на болеста.
Од сето наведено, а во смисла на фактот дека барањето за прекин на издржување на казна е постапка од итен карактер ве информирам дека постапката е започната на ден 14.11.2022 година и веќе скоро 4 месеци нема одлука по барањето, а согласно закон и донесување на судски одлуки во разумен рок, дотолку повеќе што во овој случај се работи за одлука од итен карактер, во правна законска смисла е недозволиво постапката да трае скоро четири (4) месеци, што единствено упатува на негативна тенденција од страна на судот, селективно и незаконито постапување, со кое нешто неспорно ми се нарушуваат загарантираните законски права и загарантираните човекови права согласно Устав, во смисла на загрозување на мојот живот и здравје и крајно поигрување со човечки живот, дотолку повеќе што од доказите неспорно ќе увидите дека е констатирано и утврдено на лице место во реално време и простор во затворот од 11 доктори опишано во писмени потврди со потпис од секој доктор од Итната медицинска служба која доаѓаше секој ден во затворот откако ме вратија во затворот, дека не постојат услови и начин за мое лекување, третман и примена на хигиено-диететски режим во затворската установи и во пенални услови, иако како што веќе напоменав ми беше препорачано задолжително лекување во домашни услови од страна на стручен конзилиум од надлежните клиники и во отпусното писмо од клиниката, сето опишано во медицински конзилијарни стручни мислења кои ви ги испратив во претходното известување.
Сеуште сметам дека и јас сум рамноправен граѓанин на оваа држава и дека и за мене важат истите права и можности како и за сите други граѓани на државата, особено важно, сметам дека и за мене важи начелото на неповредливост на физичкиот и психичкиот интегритет загарантиран со Уставот на Р.Македонија и единствено барам законито постапување и правда.
Оттука во прилог на ова известување, ви ги испраќам сите погреспоменати документи-докази кои се доставени до надлежните органи, со цел да се запознаете со содржината а воедно и неспорно ќе можете да ја утврдите веродостојноста на моите тврдења и да ја увидите тортурата која се спроведува врз мене како поединец од цел еден организиран систем кој постапува од позиција реална моќ и влијание.
Воедно во ова известување, ве информирам дека од моја страна како што веќе беше и најавено иницирана е кривично- правна операција со кодно име “Бумеранг” пред ОЈО за ГОКК Скопје и во рамки на истото е оформен предмет од страна на јавниот обвинител Ислам Абази, па во тоа име до вас испраќам барање и неприкосновена замолница за помош од ваша страна и во најкус можен рок да ме посетите вие лично или делегирано лице од ваша страна во КПУ ИДРИЗОВО, бидејќи се соочувам со сериозни закани, уцени, негативни дејствија и појави од страна на поединци кои се директно засегнати од целата оваа актуелна состојба, а истите се со реална моќ и влијание.
Во име на вашата императивна заложба за владеење на правото во нашата земја, во име на заштита на моите основни човекови права, а сето во рамки на вашите надлежности ве молам да постапите по ова известување и по мојата изразена замолница до вас и да ме посетите во најкус можен рок.
Она што би сакал да го издвојам за крај во ова известување до вас е следново: За жал во нашата држава правото е заменето со неправото, криминалните девијантни појави од високите структури се покриени со наклонетоста и спрегата со правораздаваците кои што наместо да се борат со криминалот учествуваат во истиот и вистинските криминалци се на слобода и имаат активно учество во општата заедница која ја со нивното влијание и диктат ја прават несигурна заедница каде системот е целосно девастиран и ставен во функција на поединци-моќници за остварување на нивни лични цели и интереси, а поединците како во овој случај, јас Бојан Јовановски со прекар Боки 13, сме жртви на таквиот систем и осудени со нарачани незаконити судски пресуди, бидејќи, јас во свое лично име, говорам гласно, го користам правото на јавно информирање на негативните појави и состојби, ги барам моите законски права и можности и подготвен сум до крај да се борам против вистинските сторители на кривични дела кои мораат да бидат соодветно санкционирани, токму заради доброто на сега разрушената општа заедница во нашата држава.
Во име на сето наведено Ве молам за разбирање, помош и заштита од ваша страна, бидејќи сум апсолутно загрозен.
Comments are closed for this post.